Ѕвездата на НБА лигата, играчот на Њу Орлеанс Пеликанс, Ентони „веѓата“ Дејвис е казнет со 15.000 долари затоа што им покажал среден прст на домашните навивачи.
При поразот од Шарлот Хорнетс, Дејвис со непримерниот потег покажал што мисли за навивачите кои го навредувале.
Дејвис пред две недели побарал да си оди од Њу Орлеанс, да го трејдаат затоа што не гледа можност со „пеликаните“ да стигне до титулата.
Лејкерси во еден момент ги понудија речиси сите играчи, освен Леброн Џејмс, во замена за Дејвис но „пеликаните“ не сакаа да го засилат конференцискиот ривал.
‘Some Fan Disrespected Me’: Anthony Davis Fined $15K for Obscene Gesture https://t.co/6mQTmagR3G via @slamonline #NBA pic.twitter.com/qsv32ZzXRv
— Respect My Blog (@respectmyblog) April 5, 2019