Top Sport

Алегри потврди дека Роналдо стартува против Ајакс

Кристијано Роналдо е доволно фит да стартува за Јувентус во првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите против Ајакс, вели тренерот Масимилијано Алегри, кој најави дека Португалецот ќе стартува заедно со Дибала.

34-годишниот Роналдо го повреди бутниот мускул додека играше за португалската репрезентација минатиот месец и нема играно за Јуве од 3:0 победата над Атлетико Мадрид на 12 март, кога постигна хет-трик, пропуштајќи ги мечевите со Џенова, Емполи, Каљари и Милан.

„Кристијано тренираше добро со нашиот тим и утре ќе стартува. Ајакс е силен тим кој го елиминираше Реал Мадрид, се држеше со Баерн Минхен и имаат одлична техника. Веќе имаше две финалиња меѓу Ајакс и Јувентус и мораме да бидеме подготвени“, вели Алегри.

Претходно, Роналдо на Инстаграм постави фотографија со своите соиграчи од Јуве и со кратка и јасна порака: „Одиме Лига на шампиони!“.

 

View this post on Instagram

 

Let’s go?UCL

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Scroll to Top