Top Sport

Мика Хакинен повторно ќе вози Мекларен!

Мика Хакинен ќе се врати во Сузука оваа година зад воланот на Мекларен, 20 години откако ја освои втората титула со славниот англиски тим. Финскиот ветеран ќе се натпреварува на трката 10 часа Сузука во Мекларен 720С ГТ3 болид.

Хакинен освои две титули со Мекларен во 1998 и 1999, обезбедувајќи ги двете титули на патеката Сузука, пред да започне доминацијата на Михаел Шумахер со пет титули едноподруго. Минатата година „летечкиот Финец“ повторно го возеше шампионскиот МП4/13 болид неколку круга во Сузука за да се одбележи 20-годишнината од првата титула.

50-годишниот Хакинен ќе вози на 10 часа Сузука покрај двократниот Супер Формула шампион, Хироаки Ишиура и Ф3 возазчот Кацуаки Кубота. Трката се оддржвува од 23 до 25 август.

Scroll to Top