Тотенхем многу веројатно скапо ја платија синоќешната победа над Манчестер сити (1:0), во првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите. Во 58 минута, Тотенхем, останаа без Хари Кејн, кој се повреди по еден дуел со Фабиијан Делф, а прогнозите се дека повредата е сериозна.
Најдобриот стрелец на Тотенхем, по дуелот со соиграчот од репрезентацијата, Делф, го повреди глуждот и самиот го напушти теренот, а потоа со помош на двајца од лекарскиот тим замина во соблекувалната.
„Тажна ситуација. Ќе му биде тешко, многу ќе ни недостига. Моѓеби и до крајот на сезоната“, рекол менаџерот на Спарс, Маурисио Покетино.
Кејн поради повреда глуждот на десната нога, оваа година паузираше шест недели. Најдобриот стрелец се повреди во клучниот дел од сезоната, во кој Тотенхем се бори за пласман во Лигата на шампионите, заедно со Челси, Арсенал и Манчестер Јунајтед, и за пласман во своето прво полу-финале во елитното натпреварување уште од сезоната 1961/1962