Top Sport

ФИФА воведува десет нови фудбалски правила

Меѓународниот одбор за фудбал, орган на ФИФА задолжен за корекција на постоечките и воведување на нови фудбалски правила, на својата последна седница сменил десет правила. Новите правила ќе започнат да се применуваат од сезоната 2019/2019.

Сменети се правилата 8 и 9, која се однесуваат на спуштањето на топката и која предвидуваат судијата топката да му ја врати на голманот, доколку играта била прекината во шеснаесетникот, а доколку судијата играта ја прекинал на некој друг дел од теренот, тогаш топката му ја спушта на еден фудбалер, а противничките играчи треба да бидат оддалечени најмалку четири метри.

Доколку во „живиот ѕид“ стојат тројца или повеќе дефанзивци, играчот на екипата што напаѓа мора да биде оддалечен од нив најмалку еден метар, во спротивно играта ќе биде прекината и топката ќе ја добие тимот што се бранел.

Доколку фудбалер нелегално прослави постигнување на гол, а истиот потоа од некоја причина биде поништен, нема да биде поништен и жолтиот картон на фудбалерот што го добил.

Според едно од новите правила, се смета дека топката е во игра веднаш по изведувањето на ударот, досега се сметаше дека топката е во игра дури откако ќе излезе од шеснаесетникот.

На почетокот на натпреварот, кога се фрла паричката „победникот“ ќе може да бира дали да го има првиот посед или на кој гол ќе напаѓа во првиот дел.

Новитет се и правилата околу медицинската помош. Играта ќе биде прекината во случај на високи температури за играчите да можат да се освежат. Прекидот може да трае од 90 секунди до три минути.

На играчите им е дозволено да носат маици во повеќе бои доколку имаат исти бои како ракавите или дресот.

Едно од новите правила е и она кое вели дека судијата може да го одложи покажувањето на жолт или црвен картон. Правилото ќе се применува во случај екипата на брзина го изведе слободниот удар и дојде до гол шанса.

Играчот што треба да биде заменет може да излезе на било кој дел од теренот.

Жолт или црвен картон може да добие и официјално лице што се наоѓа на клупата доколку неговото однесување биде непристојно.

Scroll to Top