Top Sport

Инсиње: Нема контроверзи околу италијанскиот дрес

Лоренцо Инсиње можеби е висок само 163 сантиметри, но се покажа како голем човек со коментарите околу контроверзите за неговото непуштање во игра во баражот по кој Италија беше елиминирана од Шведска и не оди на Светското првенство во Русија.

Инсиње и Пјотр Зиелински во саботата постигнаа голови за да го предводат Наполи до 2:1 победа над бледиот Милан, по што тој го пофали својот тим за „срцето и храброста“ во мечот.

„Ова беше голема победа против добар тим како Милан. Покрај тактиката и техниката, ни беше потребно срце и храброст да го добиеме натпреварот. Можеме да направиме голема работа оваа сезона, но единствено што можеме е да го дадеме максимумот и да видиме дали тоа ќе биде доволно. Дефинитивно не сакаме да ги разочараме навивачите“, вели Инсиње во интервју за „Медиасет“.

Италија испадна во баражот со Шведска, а еден од моментите што ќе се паметат во реваншот на „Сан Сиро“ беше расправијата на Даниеле де Роси кога му кажаа да се загрева, бидејќи тој сметаше дека Инсиње треба да го освежи нападот. Во двата натпревари со Шведска, Џампјеро Вентура го постави Инсиње само 15 минути во игра, и тоа на позиција на централен играч за врски. Инсиње остана скромен.

„Не сакам да правам контроверзи. Селекторот сметаше дека тие се вистинските луѓе за пласман на Светското првенство и го прифаќам тоа. Тажен сум бидејќи Италија не е на Мундијалот, а не бидејќи јас не играв“, вели Инсиње.

Де Роси: Јас да влезам? Дали сте нормални ни треба напаѓач! (Видео)

Наполи лесно против „росонерите“ (видео)

Scroll to Top