Иако Манчестер јунајтед, тимот на нејзиниот син Ромелу Лукаку, загуби од Барселона (0:1), Адолфин Лукаку не ја пропушти шансата да го изгушка Лео Меси по крајот на мечот.
Меси имаше бурно гостување на „Олд Трафорд“, откако заврши со крвав нос по судирот со Крис Смолинг, откако претходно беше вклучен во единствениот гол на мечот. Кога сè заврши во ходниците на стадионот ја чекаше Адолфин Лукаку, која не пропушти да го сретне и да извика: „Ох, Меси, Меси!“.
? | Lukaku’s mother met Messi after the match against Manchester United and appreciated him.
— BarçaTimes Media (@BTVideoClips) April 12, 2019