Top Sport

Ботас на пол-позицијата во Кина

Возачите на Мерцедес ќе стартуваат од првиот ред на утрешната трка за Големата награда на Кина, трета сезонава во Формула 1. Трката во Кина, на патеката во Шангај е 1.000 во историјата на Формула 1.

Пол-позицијата во Шангај ја освои Валтери Ботас. Финецот имаше одлични квалификации, речиси константно беше во водство, а на крајот го забележа најбрзото време 1.31.547 минути. Ботас во Шангај ја освои втората пол-позиција сезонава, седма во кариерата.

На стартот до него ќе биде актуелниот шампион Луис Хамилтон. Британецот се мачеше во квалификациите, како што реше самиот, а на крајот зад колегата имаше послаб резултат за 23 илјадити делови од секундата.

Вторито ред го освоија пилотите на Ферари Себастијан Фетел и Шарл Леклер. Она што треба да ги загрижи сите во Ферари е разликата што конкурентите од Мерцедес ја направија во квалификациите.

Фетел имаше послабо време од Бота за 0.301 секунди, а Леклерк за 0.318 секунди.

Пласман меѓу првите десетмина изборија Ферстапен, Гасли, Рикардо, Хулкенберг, Магнусен и Грожан.

Траката за Големата награда на кина ќе се вози утре од 8 часот по средно-европско време.

foto/epa

Scroll to Top