Црвена ѕвезда го доби првиот меч од финалната серија во АБА-лигата против Будуќност 91:72. „Црвено-белите“ водат во серијата 1-0,а вториот меч на програмата е утре од 19 часот во Белград.
Првиот меч го обележа Американецот Били Берон со 19 поени (4/4 за три), шест скока, пет асистенции и две украдени топки.
Една од петте асистенции на Берон предизвика делириум во салата „Александар Николиќ“, Без гледање Берон одигра „алеј уп“ со Мохамед Фаје.
WOOOHOOO! ??
What a play by Billy Baron and Mouhammad Faye of @kkcrvenazvezda! #ABALiga #RoadToGlory pic.twitter.com/jXYAfC34tx
— ABA Liga (@ABA_League) April 12, 2019