Себастијан Фетел смета дека Ферари имале преголемо заостанување во однос на Мерцедес, во денешните квалификации за трката за Големата награда на Кина.
Пол-позицијата ја освои Валтери Ботас пред Луис Хамилтон, а Фетел и Лелер беа зад колегите од Мерцедес за 0.301 односни 0.318 секунди.
„Разликата е преголема. Секако дека сакавме ситуацијата да биде поинаква, но на крајот можеме да кажеме дека забележавме добар резултат. Важное кога веќе не можеме да победиме против Мерцедес, тогаш барем да бидеме веднаш до нив. Ќе имаме свои шанси на утрешната трка“, рекол Фетел.
Јубилејната 1.000 трка во Формула 1, на патеката во Шангај ќе започне утре во 8.10 часот.