Хрватската ракометна репрезентација се пласираше на Европското првенство во 2020 година, откако во преполната сала „Вишњик“ во Задар со одлично прво полувреме обезбедија 27:23 победа над Србија.
Хрватите имаат три победи и едно реми во четири квалификациски меча, додека Србите имаат само две ремија и ќе треба да се потрудат за да ја поминат Швајцарија на второто место на табелата. Следното ЕП се оддржува во Австрија, Шведска и Норвешка.
Селекцијата на Лино Червар направи +6 на полувреме (17:11), а Србите во второто полувреме успеаја да се вратат на негатива од три гола, пред домаќините повторно да ја преземат контролата и рутински да го комплетираат мечот.