Top Sport

Ринс со деби Мото ГП триумф во Тексас по хаваријата на Маркез

Првпат по седум години, Марк Маркез не е победник на ГП на Америките во Остин, Тексас, откако на 13 круга пред крајот излета додека ја контролираше трката за да му дозволи на Шпанецот Алекс Ринс да стигне до својата деби Мото ГП победа.

Маркез беше на пол-позицијата на „Патеката на Америките“ и доминираше на трките во Остин од првата во 2013 година со шест победи во низа.

Во последните 12 кругови, 23-годишниот Ринс имаше тешка задача да го брка 40-годишниот Валентино Роси пред него, за да успее да го помине на пет круга пред крајот. Ова е прва победа на Сузуки во Мото ГП шампионатот од триумфот на Маверик Вињалес во Силверстоун во 2016 година.

Осум секунди зад лидерите Австралиецот Џек Милер (Прамак Дукати) заврши на третото место откако успеа да го остави зад себе Андреа Довициозо во Дукати, што беше доволно Италијанецот да е нов лидер во генерален пласман. Франко Морбидели беше петти за Петронас Јамаха пред Данило Петручи (Дукати), Фабио Квартараро (Петронас), Пол Еспаргаро (КТМ), Франческо Бањаја (Прамак) и Такаки Накагами (ЛЦР Хонда) во топ 10.

Scroll to Top