Јувентус синоќа остана без можноста да се бори за трофејот во Лигата на шампионите, Ајакс во спектакуларен меч, победија 2:1 во Торино и се пласираа во полу-финалето.
Елиминацијата предизвика разочарување на спортски план, меѓутоа веднаш се почувствува и берзата во Милано.
Како што пренесуваат италијанските медуми, вредноста на акциите на Јувентус во средата се намалила за 20,92 отсто. Пресметано во пари тоа се 400 милиони евра.
Јувентус во последните пет години два пати играше финале во Лигата на шампионите, но не успеа да го освои престижното натпреварување. Во Торино европска титула чекаат од 1996 година. Поради тоа изминатите години семејството Ањели вложија многу пари, а само летово платија 110 милиони евра за Кристијано Роналдо, кој од клубот доби годишна плата од 30 милиони евра.
Овие вложувања досега не го донесоа посакуваниот резултат, а со оглед на возраста на фудбалерите на Јувентус му претстои нова реконструкција на тимот.