Напаѓачот на Челси, Французинот Оливие Жиру изјави дека не е среќен што по доаѓањето на Гонсало Игуаин во тимот, тој стана втора опција во нападот.
Голгетерот потенцира дека има понуди од други клубови.
„Фрустриран сум кога не сум на терен, но тоа не сакам да го покажувам. Не сум среќен што сум втор напаѓач во тимот, сакам да уживам во мојот фудбал. Тоа мора да се реши до крајот на сезоната“ – пренесува „Скај спорт“.
Францускиот репрезентативец засега не сака да открива детали за понудите кои ги има од другите клубови, и вели дека засега е фокусиран само на Челси.
Договорот на 32-годишниот напаѓач истекува летово. Жиру во Челси стигна во 2017 година, а претходно настапуваше за градскиот ривал Арсенал.