Златан Ибрахимовиќ има фантастичен старт во новата сезона, во МЛС лигата. Во првите четири кола тој постигна шест гола, во досегашниот тек од сезоната седум од 11 гола на ЛА Галакси се негово дело, а клучни погодоци постигнал на четири од петте натпревари на кои неговиот тим остварил победа.
Тренерот на ЛА Галакси, славниот Аргентинец Гиљермо Барос Скелото, својот напаѓач го споредува со двајцата најдобри Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
„Кога играш против нив двајца забележуваш дека можат се да направат. Истото го чувствувам кога го гледам Ибрахимовиќ“, рекол Скелото.
Свој коментар за споредбите со Меси и Роналдо има и Ибрахимовиќ.
„Кога играв во Европа против нив или со нив чувствува дека сум различно животно. Сега сум ново животно и тоа постаро“, рекол Ибра, а потоа одговорил и на прашањето дали е главен кандидат за МВП на сезоната.
„Не ти треба трофеј за да се чувствувач како МВП. Јас сум МВП и без да ме прогласат“.