Тренерот на норвешкиот тим Валеренга, Рони Делија реши со драстичен потег да го мотивира својот тим пред неодамнешниот клучен меч за опстанок во првата лига. Тимот на Валеренга пред мечот со Бран беше блиску до зоната за испаѓање, така што поранешниот тренер на Селтик решил да се соблече гол пред мечот за да ги инспирира.
„Многумина ме виделе гол досега, тоа е сигурно. Мораме да го дадеме максимумот, но понекогаш не е лошо и да се забавуваме. Нема да го правам тоа секогаш, бидејќи така го губам факторот изненадување“, изјави Делија за норвешкиот весник „ВГ“.
Валеренга стигна до 2:1 победа над Бран, тим кој е на четвртото место во лигата. 22-годишниот играч од средниот ред Херман Стенгел вели дека потегот на тренерот функционирал.
„Не знам дали беше убаво, но функционираше добро! Беше важно да си дадеме можност за смеење. Тоа се обидуваше и тој да ни го покаже. Да се охрабриме на теренот“, вели Стенгел.