Јувентус не смеат да дозволат испаѓањето од Лигата на шампионите од Ајакс да ја расипе прославата на осмата титула во низа во Серија А, ако ја освојат во сабота, вели тренерот Масимилијано Алегри.
Скудетото ќе биде мала утеха за клубот од Торино, кој очекуваше трофеј од Лигата на шампионите оваа сезона по доаѓањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, но Алегри вели дека пред мечот со Фиорентина дома (во кој им е потребен еден поен да ја освојат титулата), клубот мора да заборави на елиминацијата од ЛШ.
„Најважно е утре да се освои титулата и ќе ја заслужиме поради одличната сезона. Ако ја освоиме, мораме да прославиме. Потоа ќе јадеме чоколадо и ќе имаме време да зборуваме за иднината. Мораме да го надминеме разочарувањето од елиминацијата во ЛШ. Мора да се прифати и да се оди напред. Резултатот не може да се смени и барањето на изговори и оправдувања е карактеристика на тие кои губат. Ја прифаќаме одлуката на теренот. Не треба да сме во депресија поради пораз од добар тим. Животот продолжува, фудбалот продолжува. Фудбалот не е наука. Доаѓањето на Роналдо не значи дека титулата од ЛШ ни е гарантирана, тоа го кажував цело време“, вели Алегри.
? Allegri: “Tomorrow, we have the chance to seal the Scudetto and we need to. We have to look ahead and get over the disappointment without looking for excuses.”#JuveFiorentina #ForzaJuve pic.twitter.com/Pw0yrHhEOY
— JuventusFC (@juventusfcen) April 19, 2019