Top Sport

Лацио дома загуби од „второлигашот“ Киево, Џенова без Пандев поразена од Торино

Огромно изненадување се случи попладнево во 33 коло во италијанската Серија А. Лацио кој сеуште беше во игра за пласман на позиција која носи во ЛШ, загуби во Рим со 1-2 од „второлигашот“ Киево. „Летечките магариња“ уште одамна се помирија дека идната сезона ќе настапуваат во понизок ранг, но денеска ги поматија сметките на римскиот клуб.

Најпрво српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ Савиќ во 34. минута заработи директен црвен картон откако без топка го удри Степински.

Вињато во 49 минута и Хетемај во 51 минута донесоа изненадувачко водство за гостите. Лацио единствено го ублажи поразот со голот на Каиседо во 67. минута.

Џенова, тимот за кој настапува Горан Пандев (Пандев не беше во комбинација за мечот поради олти картони) беше поразена минимално со 0-1 од тимот на Торино. Трите бода за гостинскиот тим беа по заслуга на Ансалди кој прецизно биеше во 58. минута.

Во останатите дуели од ова коло во Серија А Болоња беше поуспешна од Сампдорија, победа со 3-0. Каљари минимално го совлада Фросиноне со 1-0. Емполи на домашен терен беше поразен од тимот на СПАЛ со 2-4, а Удинезе и Сасуоло ремизираа 1-1.

Scroll to Top