Џејмс Милнер, има 17 годишен стаж во Премиер лигата, секогаш играл во тимови кои имаат големо ривалство со Манчестер Јунајтед, а самиот вели дека во среда ќе навива прв пат во животот за „црвените ѓаволи“.
Милнер, во кариерата играл за Лидс, Астон Вила и Манчестер сити, значи секогаш бил на спротивната страна во однос на Манчестер Јунајтед, но ред дербито на Манчестер, нема дилема за кого ќе навива.
„Прв пат во животот ќе навивам за Јунајтед, но нема да го гледам натпреварот. Мислам дека губење на енергија е да сакаш некој друг да постигнува голови. Јас лично не можам да влијаам на резултатот. Можеби и телефонот ќе го тргнам од мене, а подоцна ќе го проверам резултатот. Што ќе правам додека тие играат? Не знам, можеби ќе излезам на вечера“, рекол Милнер и дополнил.
„По тој дуел во Манчестер ќе останат до крајот уште три кола. Луѓето мислат дека за Сити последен вистински предизвик се Јунајтед, не е така. Премиер лигата е тешко натпреварување, особено кога се борите за титулата“.
Во пресрет на утрешниот натпревар Ливерпул се први на табелата со 88 бода, Манчестер сити имаат 86 бода и натпревар помалку.