По поразот во финалната серија во АБА-лигата од Црвена ѕвезда, започнаа промените во КК Будуќност.
Будуќност, не успеа да ја одбрани титулата во регионалната лига, што значи дека наредната сезона нема да игра во Евролигата, туку во Еврокупот. Јасно е дека по трите убедливи порази во Белград, во тимот ќе следуваат големи понуди и прашање е дали некој од странските кошаркари ќе остане во тимот.
Нога прв повлече тренерот Јасмин Репеша. Според неофицијални информации тој веќе поднел оставка на функцијата. Ова го објави порталот „basketball sphere“.
Репеша, во текот на сезоната, го наследи на клупата Александар Џикиќ, но не успеа да го повтори успехот на поранешниот македонски селектор, кој ја донесе АБА титулата во Подгорица.
Хрветскиот тренер Репеша во кариерата работел во бројни клубови низ Европа (Армани Милано, Цедевита, Уникаха, Цибона…), а во два мандати бил селектор на Хрватска .