Фудбалскиот клуб Лацио ќе ги казни Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Луис Алберто, поради црвените картони што ги добија викендов на натпреварот против Киево, објавија италијанските медиуми.
Српскиот репрезентативец Милинковиќ-Савиќ, поради удирање на противнички играч, доби црвен картон во 34 минута, а Шпанецот Алберто „поцрвене“ во самиот финиш на натпреварот. Киево, успеа да победи во Рим со 2:1.
Италијанските медиуми тврдат дека двајцата ќе бидат суспендирани на два натпревари, иако добија директни црвени картони.
Истите извори шпекулираат дека Милинковиќ-Савиќ ќе биде казнет со 50.000 евра, а Алберто со нешто помала сума.
Поразот од Киево го оддалечи Лацио од четвртата позиција. Екипата на тренерот Симоне Инзаги се наоѓа на осмото место со четири бода помалку од четврт пласираниот Милан.