Top Sport

Никола Јокиќ: Му се воодушевував на Тим Данкан!

Возбудливата НБА-серија меѓу Денвер и Сан Антонио продолжува ноќеска со нивниот петти натпревар од четвртфиналната серија во Западната конференција, а моментниот резултат е израмнет 2-2.

Досегашните мечеви од серијата ги одбележа српскиот центар, Никола Јокиќ кој на првите 4 меча постигна вкупно 82 поени со дури 47 скокови.

Јокиќ за американските медиуми открива како се воодушевувал од играта на легендата на Сан Антонио, Тим Данкан.

„Тој е еден од најдобрите два-три играчи на својата позиција на сите времиња. Не заборавајте, освои 5 титули. Играв покрај него во мојата прва сезона во НБА. Не можеше да се движи во тој период, но покрај мене лесно уфрли 20 поени. Ништо не можев да направам“ – вели Јокиќ.

Јокиќ вели дека многу научил од играта против Данкан.

„Било да станува збор за позиција, за вртење, лесни шутеви од различни позиции, пронаоѓање простор, кога го гледавте како тој сето тоа го правеше, можеше многу да се научи“ – вели српскиот кошаркар.

Scroll to Top