Пол Погба им се доверил на соиграчите дека сака да замине од Манчестер Јунајтед, тврди новинарот на „Лекип“, Федерик Каланж.
Реал Мадрид, односно Зинедин Зидан, покажуваат интерес за светскиот првак со Франција. Погба оваа сезона игра по системот топло-ладно, а голем проблем му прават и преговорите околу новиот договор.
Погба играше лошо кај Жозе Мурињо, ја стабилизира формата и се наметна како лидер на тимот по доаѓањето ан Оле Гунар Солскјер, а во изминатиот месец е најлошиот играч на Јунајтед.
Зидан ги цени квалитетите на Погба и ќе сторел се за да го убеди претседателот Флорентино Перез, да издвои 150 милиони евра за неговите услуги.
„Мино Рајола од Реал бара 18 милиони евра за да го договори трансферто, 5 отсто од користењето на името на фудбалерот и бара платата на Погба да биде меѓу најголемите три во клубот“, објави „Канал10“.
Погба е играч на Манчестер Јунајтед од 2016 година, кога за во тоа време рекордна сума од 105 милиони евра пристигна од Јувентус.