Вини Џонс, познат како најголемиот силеџија во историјата на англискиот фудбал, го предизвика стрелецот на најбрзиот гол во Премиер лигата Шејн Лонг.
Ирецот, синоќа против Вотфорд, постигна гол за 7,69 секунди, а во истиот момент на социјалните мрежи реагирал Џонс со пораката: „Обиди се да добиеш жолт картон за пет секунди“.
Џонс, како играч на Шефилд Јунајтед, на натпреварот со Манчестер сити добил жолт картон по само пет секунди игра.
Вини Џонс во кариерата бил играч на Челси, Шефилд Јунајтед, Лидс и Вимблдон. По завршувањето на фудбалската, тој започна успешна актерска кариера.
My man Shane Long scored a Fifa kick off glitch. pic.twitter.com/eYW3xbE0Lr
— Beaan (@B3aan) April 23, 2019