Top Sport

Реал одбиле 180 милиони евра за Асенсио

Реал Мадрид, минатото лето, одбиле понуда „тешка“ 180 милиони евра за трансфер на Марко Асенсио, открил менаџерот на фудбалерот, без да прецизира кој клуб нудел богатство за неговиот клиент.

„Имавме многу понуди минатата година, но Марко секогаш потенцираше дека е среќе во Реал. Клубот доби понуда од 180 милиони евра која „гласно“ беше одбиена“, изјавил за „ЕСПН“ менаџерот Хорасио Гаџиоли.

Асенсио е еден од омилените играчи на Зинедин Зидан, но оваа сезона е далеку од вистинската форма, на 27 натпревари во Ла Лига има скромен учинок од еден гол и шест асистенции.

Scroll to Top