Никола Јокиќ продолжи со фантастичните игри, предводејќи ги Денвер нагетс до 90:86 победа над Сан Антонио спарс во „мајсторката“, седмиот натпревар од првото коло од НБА плејофот.
Српскиот центар го заврши мечот со 21 поен, 15 скока и 10 асистенции, а имаше и 3 „банани“ и една украден топка, за да се приклучи на Леброн Џејмс и Меџик Џонсон како единствен НБА кошкарар кој имал повеќе трипл-дабл остварувања во првиот плејоф во кариерата.
Двата тима имаа под 40 отсто успешност од игра, а Денвер имаше само две тројки од 20 обиди, но на крајот обезбедија место во полуфиналето на Западот, каде што ќе играат со Портланд трејлблејзерс, кои со 4:1 ги победија Оклахома сити.