Top Sport

Барселона ја одбрани титулата, нова мајсторија на Меси (Видео)

Фудбалерите на Барселона ја одбранија титулата во Ла Лига. До 26 титула во клупската историја Барселона дојде со минималната победа над Леванте 1:0, во 35 коло. Барселона на три кола до крајот на сезоната има девет бода повеќе од Атлетико Мадрид.

Отпорот на Леванте и брилијантното издание на голманот Фернадес, кој имаше 11 одбрани, го скрши Лионел Меси во 62 минута. Аргентинецот на теренот влезе во второто полувреме, кога го замени Фелипе Кутињо.

Меси изведе мајсторија во свој стил и го постигна својот 34 гол сезонава во Ла Лига. Аргентинецот има и 13 асистенции.

Леванте, во чии редови македонскиот репрезентативец Енис Барди играше од 65 минута, до крајот на сеозната ќе води тешка борба за опстанок. Леванте има 37 бода на 15 место на табелата.

Scroll to Top