Манчестер јунајтед и Челси одиграа 1:1 на „Олд Трафорд“, за „мртвата трка“ за топ 4 пласман во Премиер лигата да продолжи откако претходно Арсенал доживеа катастрофален 3:0 пораз од Лестер сити.
По комплетното 36. коло во Премиер лигата, односно на само два меча пред крајот, ситуацијата е интересна – Тотенхем се трети (70), Челси четврти (68), Арсенал петти (66), Јунајтед остануваат шести (65).
„Ѓаволите“ по поразот во градското дерби од Манчестер сити (0:2), очекуваа три поени против „сините“ со кои тимот на Оле Гунар Солскјер конечно ќе ја прекинеше лошата низа на резултати, но, како главна пречка се покажа Давид де Хеа на голот.
Хуан Мата ги донесе Јунајтед во водство со гол против својот поранешен тим во 11. минута, добивајќи убава топка од Лук Шо, но предноста беше анулирана во финишот на полувремето, кога Де Хеа лошо реагираше на удар од далечина праќајќи ја топката пред Маркос Алонсо, кој немаше проблем да го совлада.
Ова е трета директна грешка на Де Хеа која е казнета со гол во последните четири натпревари, ист број на грешки кои ги направил во претходните 123 меча за „ѓаволите“ (или поинаку кажано – повеќе грешки оваа сезона, отколку во претходните четири).
3 – David de Gea has made three errors leading to goals in his last four games in all competitions for Manchester United – as many as in his previous 123 matches combined for the Red Devils. Sloppy. #MUNCHE pic.twitter.com/Tbq59cYSU7
— OptaJoe (@OptaJoe) April 28, 2019