Top Sport

Фуглсанг со соло-триумф на Лиеж-Бастоњ-Лиеж (видео)

Данецот Јакоб Фуглсанг (Астана) ги совлада фаворитите со соло-триумф во 105. издание на класичната Лиеж-Бастоњ-Лиеж трка во неделата.

Фуглсанг, кој беше само 10. минатата година, за малку ќе паднеше на 5 километри пред финишот на опасната надолнина на влажните патишта, откако претходно на 13 километри пред крајот се одвои од конкуренцијата.

На дожд со температури од само 6 степени, Фуглсанг беше најсилен по 256 километри со време од 6:37:37, 27 секунди пред Италијанецот Давиде Формоло, кој го совлада Германецот Максимилијан Шахман.

Лиеж-Бастоњ-Лиеж е четврта од „монументалните“ класични трки на календарот, по Милан-Санремо, Трката околу Фландрија и Париз-Рубе и доаѓа пред Џиро ди Ломбардија.

Scroll to Top