Играчот на сезоната во Премиер лигата, во изборот на фудбалерите, Вирџил Ван Дајк, не се плаши од полу-финалната пресметка, во Лигата на шампионите, со Барселона која ја предводи Лионел Меси.
Аргентинецот, инаку петкратен освојувач на Златната топка, оваа сезона има постигнато 46 гола во сите натпреварувања, десет од нив се во Лигата на шампионите.
„Мислам дека Меси е најдобриот фудбалер во светот, но вие можете да забележите како ние играме, не се браниме еден на еден, туку како тим, на ист начин и напаѓаме. Ќе видиме што е се случува, ние сме подготвени“, рекол Холанѓанецот и дополнил.
„Нема да играме против Меси, Барселона е квалитетен тим. Но и ние сме многу добри, можеме да се надигруваме со нив. Во Барселона не одиме на летување“.
Првиот полу-финален натпревар Барселона-Ливерпул ќе се одигра утре со почеток во 21 часот.