Шампионот на Франција, Пари Сен Жермен подготвил дури 104 милиони евра за трансфер на голманот на Манчестер Јунајтед, Шпанецот Давид де Хеа.
Лошата форма на чуварот на мрежата во последниот период и застојот околу продолжетокот на договорот со „црвените ѓаволи“ го натера англискиот клуб да размисли за продажба на еден од најдобрите играчи последниве години, пренесува „Дејли Стар“.
Де Хеа со месеци преговара за нова соработка со челниците на Јунајтед иако му се нудат високи 520.000 евра неделна плата.
На парижаните им е потребно освежување на голот откако Џанлуиџи Буфон кој веќе има 41 година го изгуби првотимскиот статус, па Де Хеа би бил идеално решение.
Медиумите на Островот шпекулираат дека голманот тактизира да види дали Манчестер Јунајтед ќе избори пласман во Лигата на шампионите идната сезона.
Шпанецот 8 сезони е во Манчестер, а претходно го чуваше голот на Атлетико Мадрид.