Ајнтрахт Франкфурт не успеа да направи предност во првиот меч од полуфиналето на Лига Европа, одигрувајќи 1:1 со Челси пред своите фантастични фанови, додека Александер Лаказет беше креаторот на пресврт за Арсенал со 3:1 да ја совлада Валенсија во второто полуфинале.
На „Комерцбанк-Арената“ имаше фантастична атмосфера од домашните навивачи, кои дури „корнеа“ столчиња од стадионот за да можат да стојат и навиваат. Лука Јовиќ, српскиот сензационален напаѓач во 23. минута им врати на навивачите со својот 26. гол оваа сезона во 23. минута од мечот, но ова не беше доволно за победа бидејќи ветеранот Педро во финишот на првото полувреме начека слободна топка во шестнаесетникот и израмни на 1:1.
Eintracht Frankfurt are very much up for this one. What a sight.pic.twitter.com/lrGXX6lqAp
— The Blizzard (@blzzrd) May 2, 2019
На „Емирати“ во Лондон пак, Арсенал, по мизерната домашна форма каде што имаат три порази едноподруго, ја пречека Валенсија и уште во 11-тата минута ги чекаше нов шок, откако Муктар Диахаби ги донесе гостите од Шпанија во водство.
Сепак, Александер Лаказет ја продолжи одличната голгетерска форма оваа сезона и со головите во 18. и 26. минута направи пресврт, пред Пјер-Емерик Обамејанг во 91. минута да зголеми на 3:1 за предност од два гола пред реваншот на „Месталја“ следната недела.
ЛИГА ЕВРОПА, 1/2 ФИНАЛЕ, ПРВ НАТПРЕВАР
Арсенал – Валенсија 3:1
Ајнтрахт Франкфурт – Челси 1:1