Баерн Минхен договорил уште едно големо засилување за наредната сезона. Откако клубот ги потврди трансферите на Бенжаман Павар од Штитгарт и Лукас Ернандез од Атлетико Мадрид, медиумите тврдат дека Баварците ја завршиле работата и околу трансферот на Хакин Зијеш од Ајакс.
Зијеш (26) е еден од главните играчи на Ајакс оваа сезона. Со клубот се бори за титулата во Холандија и за пласман во финалето во Лигата на шампионите. Холандските медиуми пишуваат дека Мароканецот веќе започнал да го учи германскиот јазик.
Според шпекулациите Баерн се согласиле да платат 35 милиони евра за крилниот напаѓач.
Зијеш сезонава настапил на 45 натпревари, забележал 20 гола и 21 асистенција.