Жоао Кансело може да замине од „Алијанц стадионот“ во Торино по само една година, доколку Манчестер сити се подготвени да платат 50-60 милиони евра за него, тврдат италијанските медиуми.
Според „Ла газета дело спорт“ и „Кореиере дело спорт“, Кансело не е задоволен во Јувентус, ниту во клубот се премногу загрижени да го заддржат Португалецот. Тој ги чинеше „бјанконерите“ 40 милиони евра при трансферот од Валенсија, а една сезона ја помина на заем во Интер, но во Торино му забележуваат за скапите грешки кои ги направи, посебно во мечевите од Лигата на шампионите.
Исто така, весниците тврдат дека тренерот Макс Алегри не е во најдобри односи со Португалецот, постојано расправајќи се со него во обид да му ја објасни тактиката на клубот.