Арсенал ќе мора да има неверојатна среќа во последното коло во Премиер лигата за пласман во Лигата на шампионите, откако во меч со два пенали одигра само 1:1 со Брајтон, петти меч во низа без победа во лигата.
Овој резултат исто така значи дека Челси сигурно е во Лигата на шампионите, бидејќи сега има четири поени пред „топчиите“.
Арсенал поведе со гол од пенал уште во 9. минута, кога Пјер-Емерик Обамејанг беше прецизен од белата точка, но гостите успеаја да израмнат во 60. минута, исто така од пенал преку Глен Мареј.
По овој резултат, Тотенхем е четврти на табелата со 70 поени и 65:37 гол-разлика, додека Арсенал се четврти со 67 поени и 70:50 гол-разлика. Ова значи дека Арсенал во последното коло треба да го победи Барнли, но и Евертон да биде подобар од Тотенхем, но исто така да се направи разлика од осум гола во овие два меча, што е тешко да се верува.