Top Sport

За малку чудо во Париз! ПСЖ на Раул стигнaа до само +9 против Кјелце!

Полскиот ракометен гигант Виве Кјелце е третиот потврден учесник на фајнал фор турирот на ЕХФ Лигата на шампионите, откако во меч за срцев напад во Париз загуби со 35:26 (18:11) од Пари Сен-Жермен на поранешниот македонски селектор Раул Гонзалес, што беше доволно за пласман по домашната победа од 10 гола разлика (34:24).

Самиот Раул по фијаското во Полска, каде што ПСЖ загуби со 34:24 изјавуваше дека е невозможно да се очекува неговиот тим да се пласира меѓу најдобрите четири во европскиот клупски ракомет, но откако во првото полувреме имаа предност од седум гола, надежите на домашните навивачи се подгреаја кога тимот имаше одличен старт на второто полувреме и стигна до десет гола разлика (29:19).

Драматата продолжи откако ПСЖ направи и +11, резултат со кој тие патуваа во Келн, меѓутоа во финишот Агинагалде и Кулеш погодија за гостите да дојдат на -9. Недим Ремили беше ѕвезда за ПСЖ со 12 постигнати голови, а по пет имаа Лик Абало и Уве Генсхајмер, додека за Кјелце поранешниот вардарец Лука Циндриќ беше најефикасен со шест гола.

Со ова Кјелце им се приклучува на Барселона и Веспрем на фајнал-фор и сега се чека последниот патник – Вардар од 19 часот гостува кај Пик Сегед, каде што брани осум гола предност.

Scroll to Top