Фудбалерите на Лиерпул и Барселона вечерва од 21 часот ќе го одиграат полу-финалниот реванш во Лигата на шампионите. Шампионите на Шпанија првиот меч го добија со 3:0 ѝ сите во тимот се уверени дека ќе ја одбранат предноста.
Тренерот Ернесто Валверде, на прес конференцијата, рекол дека неговите играчи немаат страв од пеколната атмосфера која секогаш владее на „Енфилд“.
„Сигурно е дека ние ќе го игнорираме резултатот од првиот натпревар. Доколку не го направиме тоа, ќе имамме проблем. Свесни сме дека навивачите на Ливерпул знаат да направат пеколна атмосфера и дека навиваат со многу страст. Игравме оваа сезона на големи стадиони какви што се „Олд Трафорд“ или „Џузепе Меаца“, така што знаеме како да се справиме со тој притисок“, рекол Валверде.
Ливерпул оваа сезона немаат пораз на домашен терен и тренерот на Барселона знае дека натпреварот е отворен. Кај него се свежи сеќавањата на поразот што Барселона го доживеа, пред неколку сезони кај ПСЖ (4:0), а потоа во реваншот успеа да победи 6:1.
„ Дали е можно да замените еден играч и да изгубите со 3:0, кој би го знаел тоа? Во фудбалот ништо не се решава однапред, морате да излезете на теренот и да одиграте добар меч. Ние против ПСЖ имавме голем минус, па успеавме да го надоместиме“, потсетил Валверде.
Барселона на овој меч ќе биде без повредениот Усман Дембеле, додека кај Ливерпул поради повреди ќе отсуствуваат тројца важни играчи: Мохамед Салах, Роберто Фирмино и Наби Кеита.