Еден од неочекуваните херои на Ливерпул (покрај Дивок Ориги), неочекувано беше 28-годишниот Георгинијо Џини Вајналдум, кој беше креаторот на пресвртот за неверојатната 4:0 победа со два брзи гола во второто полувреме.
Вајналдум, кој нема стандардно место во првиот тим на Јирген Клоп, и беше на теренот по повредите на Мо Салах и Боби Фирмино, вели дека имал посебна мотивација да покаже што умее.
„По мечот во Шпанија ние бевме сигурни дека можеме да им дадеме четири гола дома. Мислам дека само луѓето надвор од клубот не веруваа во тоа, но мислам дека сега им покажавме дека сѐ е возможно. Навистина му бев лут на менаџерот и сакав да му покажам што можам да направам“, изјави Вајналдум за „БТ спорт“ веднаш по лудиот меч во Ливерпул.
ЛШ: Ливерпул го прави невозможното во фудбалот! Нокаут за Барса и големо финале (видео)