Top Sport

Совршено време да се потсетиме на најголемиот кам-бек на Ливерпул (видео)

Иако многумина уште вечерва го проценија кам-бекот на Ливерпул од 0:3 гостинска негатива со 4:0 победа над моќната Барселона, тоа, со целосна почит на оваа генерација на „црвените“ останува легендарната ноќ во Истанбул на 25 мај 2005 година, кога играа со Милан за европската титула.

Милан беа сметани за апсолутни фаворити под водство на Карло Анчелоти и со имиња како Паоло Малдини, Алесандро Неста, Кларенс Сидорф, Кака, Андриј Шевченко и Ернан Креспо во составот. Капитенот Малдини ги донесе „росонерите“ во водство уште во првата минута, а Креспо до полувремето ја зголеми предноста на 3:0.

Сите го гледаа Милан со трофејот, меѓутоа, „црвените“, тогаш под водство на Рафа Бенитез не мислеа така. Стивен Џерард, Владимир Шмицер и Чаби Алонсо постигнаа голови, по што немаше голови во двете продолженија и стигна до изведување на пеналите.

На 3:2 за Ливерпул, обидот на Шевченко заврши во рацете на Јержи Дудек и Ливерпул по освојувањето на петтата титула, го добија трофејот постојано во својата сопственост.

Scroll to Top