Голманот на Реал Мадрид Кејлор Навас ја одбил понудата што до него ја испратиле челниците на Манчестер Јунајтед.
Костарикенецот на одбил понудата од причина што сакал да се бори за место во тимот на Реал со Тибо Куртоа.
Наводно рекол дека не се плаши од конкуренцијата и дека е убеден дека ќе биде прв голман кај Зинедин Зидан наредната сезона.
Инаку, 32 годишниот голман, пред четири години беше на чекор до трансфер во Манчестер Јунајтед. Во јануари 2015 година, клубовите договорија размена Навас за Давид Де Хеа, меѓутоа за неколку минути не беше испочитуван рокот за трансферот и истиот пропадна