Кошаркарите на Лос Анџелес „Лејкерс“ наскоро ќе добијат нов тренер. Се работи за екс-тренерот на Индијана и Орландо, Френк Вогел.
Како што пренесуваат медиумите во САД, Вогел е пред тригодишен договор со „езерџиите“, а помошник најверојатно ќе му биде легендарниот НБА-плејмејкер, Џејсон Кид.
Вогел како тренер 6 сезони ја предводеше Индијана, а 2 сезони беше на чело на Орландо. Со „Пејсерси“ двапати беше финалист на конференцијата, со тимот имаше скор од 250 победи и 181 пораз.
Лејкерси се во голема криза, последната титула ја освоија пред 8 години, а сезонава на 82 меча собраа 37 победи и дури 45 порази.