Top Sport

Сензација: Металург го освои Купот на Македонија, го совлада Вардар на пенали

Скопски Металург направи сензација кога станува збор за ракометниот Куп на Македонија. Младиот состав на тимот од Автокоманда на куп завршницата во Куманово беше поуспешен од актуелниот шампион, Вардар совладувајќи го по изведувањето на пеналите со резултат 33-32.

Ова претставува 12. титула за Металург, односно 6. во Купот.

Херој на Металург е голманот Даниел Дупјачанец кој ги одбрани пеналите на Дибиров и Чупиќ. Победничкиот гол за големо славје на „металурзите“ беше дело на младиот Танкоски кој погоди во послената пенал серија.

Дупјачанец на мечот собра 18 одбрани, на спротивната страна Гедбан имаше 10.

Најпрецизни во победничкиот тим беа Шпенде со 9 и Токиќ со 7 гола, додека кај Вардар се истакнаа Чупиќ со 7 и Криштопанс, односно Скубе со 4 гола.

Фото: rkmetalurg.mk

Scroll to Top