Шпанскиот центарфор, Алваро Мората по само 6 месеци ја завршува авантурата во Мадрид, во тимот на Атлетико. Тренерот на „јорганџиите“ не е задоволен од играта на 26-годишниот фудбалер, па реши да го врати назад во лондонски Челси.
Според информациите од Островот, летово ќе го врати напаѓачот во клубот од каде е земен на позајмица затоа што од Атлетико сметаат дека учинокот од 6 гола и 1 асистенција на 14 меча е прескромно.
Атлетико пред 6 месеци за Мората плати 7 милиони евра, со можност за доплата од уште 17 милиони евра доколку клубот од Мадрид сака да го задржи Шпанецот и наредната сезона.
Договорот на Мората истекува летото 2020 година.
Атлетико во моментов имаат доволно средства (го продадоа Лукас Ернандес на Баерн за 80 милиони евра), но проценката на сите во клубот е дека не вреди да се вложува во ангажман на Мората. Наведуваат дека им е потребен шпиц кој редовно ги тресе противничките мрежи.
Можеби ова е добра вест за Челси кој има забрана за носење нови фудбалери, му истекува договорот на напаѓачот Оливие Жиру, а неизвесна е и судбината на Гонзало Игуаин во Лондон. На „Стемфорд Бриџ“ по позајмицата се враќаат Тами Абрахам од Астон Вила и Миши Батшуи од Кристал Палас.