Поранешниот фудбалер на Барселона и Манчестер сити, Јаја Туре го демантираше својот менаџер Дмитри Сенлук со пораката дека ќе игра фудбал уште неколку сезони.
Сенлук во петокот за руските медиуми изјавил дека Јаја Туре решил да стави крај на кариерата.
„Постојат многу конфузии околу мојата иднина, сакам да сите да им биде јасно дека јас го сакам фудбалот и дека имам намера да играм уште неколку години. Подготвен сум за нови предизвици“, напишал на „Твитер“, Јаја Туре.
35 годишниот фудбалер е без клуб од декември минатата година кога доби отказ во Олимпијакос.
Јаја Туре како капитен ги предводеше Манчестер сити до три титули во Премиер лигата, со Барселона во 2008 година ја освои Лигата на шампионите.