Домашниот фаворит, Елија Вивијани иако ја помина прв целта на третата етапа на Џиро Д’Италија беше дисквалификуван поради опасно возење и таа замина кај Фернандо Гавирија.
Вивијани (Дечеунинк) сврте нагло од својата линија во текот на спринтерскиот финиш откако Паскал Акерман тргна во ран напад, блокирајќи го италијанскиот сонародник Матео Москети (Трек-Сегафредо), и жирито на трката реши дека тој направил прекршок одземајќи му го првото место. Гавирија (УАЕ Тим Емирати) сега е победник на етапата пред Французинот Арну Демар (Групама-ФДЈ) и Акерман (Бора-Хансгрое).
Словенецот Примож Роглич (Џамбо-Висма) заврши безбедно во главната група за да го заддржи водството во генерален пласман, и покрај тоа што во последните хаотични минути имаше и велосипедисти кои загубија време. Британецот Тао Геогеган Харт (Инеос) заглави на пет километри пред крајот и заостануа 1:30 зад главните конкуренти. Роглич има 19 секунди предност пред Британецот Сајмон Јејтс (Мичелтон-Скот) и 23 секунди пред Италијанецот Винченцо Нибали (Бахреин-Мерида).
Was this move intentional from @eliaviviani? ?#Giro #Giro102 #TheBreakaway pic.twitter.com/DgXJ97rLxs
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) May 13, 2019