Шпанскиот кошаркарски ветеран, По Гасол нема да игра на Светското првенство во Кина поради повреда, потврди шпанскиот селектор, Серџо Скариоло.
Центарот на Милвоки Бакс заработи скршеница на коска на стапалото и нема да успее да се опорави и да биде подготвен за настап до крајот на август кога започнува Мундобаскетот.
„По е многу важен за нас и неговото отсуство е голем удар. Тој е лидер, играч со многу успеси. По многу години на големите натпревари ќе бидеме без него и без Наваро“ – изјави Скариоло за „АС“.
Постариот од браќата Гасол освои дури 11 медали со Шпанија меѓу кои две олимписки сребра, едно светско и три европски злата. Шпанија на СП се наоѓа во групата Ц со Иран, Порторико и Тунис, а подоцна вкрстува со групата Д во која се Србија, Италија, Филипини и Ангола.