Учеството на швајцарскиот тенисер Роџер Федерер на Мастерсот во Рим значително ја подигнало побарувачката за влезници во деновите кога тој настапува. Првиот човек на Италијанската тениска федерација, Анџело Бинаги рекол дека ја подигнале цената на билетите кога дознале дека Федерер ќе настапува во Рим.
„Ја дуплиравме цената на билетот за во среда, ден кога ќе игра Федерер. Сакаме да ги наградиме навивачите кои купиле билети за тој ден пред да дознаат дека и Федерер ќе игра“ – вели Бинаги.
Швајцарецот кој е трет носител на турнирот во среда во второто коло на Мастерсот ќе игра против Соуса од Португалија кој попладнево со 2-1 во сетови (6-3 6-7 7-6) славеше против Французинот Тиафое.
Инаку од денешните мечеви во машка конкуренција на турнирот повторно разочарување на своите фанови им приреди германскиот тенисер Александер Зверев кој во два сета со по 7-5 загуби од малку познатиот тенисер Марио Беретини од Италија кој е 33. на АТП листата.
Во останатите мечеви Чилиќ со 2-0 беше подобар од Бассо, Качанов со 2-1 го совлада Баутиста – Агут, контроверзниот Киргиос славеше со 2-1 против Русинот Медведев, а Шарди го доби францускиот дуел против Гаске. Турнирот заврши и за Вавринка кој со 2-1 беше поразен од Гофин.