Титулата во Премиерлигата сезонава ја освои Манчестер Сити, но до последното коло беше во трка со Ливерпул кој на крајот финишираше со само еден бод помалку од шампионот. Осмипат во историјата на Премиерлигата одлуката на првак се решава во последното коло, во 3 од тие 8 случаи како победник излегувал Манчестер Сити, во 2012, 2014 и 2019 година.
Сити и Ливерпул заедно освоија 195 бода, што е најголем број во историјата на Премиерлигата.
Наградата „Златна копачка“ заврши кај тројца фудбалери“. По 22 гола постигнаа Обамејанг од Арсенал и Салах, односно Мане од Ливерпул.
Поделени се и останатите индивидуални награди во најсилното натпреварување на Островот, а само тројца играчи од сите 20 тима што се натпреваруваа сезонава ги одиграле сите мечеви, од почеток до крај.
Станува збор за Србинот Лука Миливоевиќ од Кристал Палас, Бени Меј од Барнли и Конор Коди од Вулверхемптон. Тие тројца фудбалери одиграа по 3.420 минути сезонава.
Only 3 outfield players played every single minute of the 2018/19 #PL season:
Ben Mee – @BurnleyOfficial
Conor Coady – @Wolves
Luka Milivojevic – @CPFC?♂️ ⏱ ? pic.twitter.com/hhZPFwQbvL
— Premier League (@premierleague) May 13, 2019