Top Sport

НБА: Серијата на Бостон заврши во Мајами

Кошаркарите на Мајами Хит ставија крај на серијата од 16 победи во која се наоѓаа нивните опоненти од Бостон Селтикс.

Мајами предводен од МВП на последното Европско првенство, Горан Драгиќ, го совлада лидерот во источната конференција со 104:98. Словенецот натпреварот го заврши со 27 поени, 5 скока и 4 асистенции. Покрај Драгиќ во тимот на Мајами блесна и Дион вејтерс со 26 поени и 6 асистенции, а двоцифрен ефект имаше и Тајлер Џонсон (16 поени, 7 скока).

Кајри Ирвинг беше најдобар кај Селтикс со 23 поени, 18 поестигна Џејлен Браун, а Џејсон Тетум и Маркус Морис постигнаа по 14 поени.

Изминатата ноќ по серијата од девет порази триумф забележаа Клиперси. Екипата од Лос Анџелес победи во Атланта 116:103, но остана без бекот Патрик Беверли, кој ќе мора да го оперира менискусот на десното колено, пто веројатно значи крај на сезоната.

Дербито на Калифорнија им припадна на Сакраменто Кингс кои славеа против ЛА Лејкерс 113:102. Вили Каоли-Шејни постигна 26, Зек Рендолф 22 поени, на кои придодаде по седум скока и асистенции, а Богдан Богдановиќ имаше 14 поени и 7 асистенции.

Кентавиус Колдвел-Поуп со 20, односно Кајл Кузма со 17 поени беа најефикасни играчи на „езерџиите“.

НБА, резултати:

Шарлот Хорнетс-Вашингтон Визардс 129:124
Кливленд Кавалирс-Бруклин Нетс 119:109
Филаделфија-Портланд Трејлблекзерс 101:81
Атланта Хоукс-ЛА Клиперс 103:116
Мајами Хит-Бостон Селтикс 104:98
Њујорк Никс-Торонто Репторс 108:100
Хјустон Рокитс-Денвер Нагетс 125:95
Мемфис Гризлис-Далас Маверикс 94:95
Минесота Томбервулвс-Орландо Меџик 124:118
Њу Орлеанс Пеликанс-Сан Антонио Спарс 1-7:90
Оклахома Тандер-Голден Стејт Вориорс 108:91
Феникс Санс-Милвоки Бакс 107:113
Јута Џез-Чикаго Булс 110:80
Сакраменто Кингс-ЛА Лејкерс 113:102.

Scroll to Top