Роман Абрамович ќе му врачи отказ на Маурицио Сари по завршувањето на финалето во Лига Европа, во кое Челси ќе игра против Арсенал, тврди „Газета дело Спорт“. Финалниот меч во ова натпреварување ќе се одигра на 29 мај во Баку.
Маурицио Сари од првиот ден во својот мандат се соочува со проблеми на „Стенфорд Бриџ“. Мораше да го убеди Еден Азар да остане во клубот, а по првата серија на лоши резултати се справуваше со шпекулациите дека ќе биде избркан од клубoт.
Како и да е позади него е една тешка сезона, во која успеа да избори пласман во Лигата на шампионите, односно да биде пред сите останати во лигата, бидејќи Манчестер сити и Ливерпул сезонава немаа конкуренција.
Исто така така тој ја оствари зацртаната цел и стигна до финалето во Лига Европа.
Иако Сари изразил желба да остане во клубот и покрај тоа што до летото во 2020 година нема да може да прави трансфери, „Газета дело Спорт“ пишува дека поради нарушените односи со навивачите Абрамович ќе го отпушти тренерот.